Утрински Весник
Свет

Инфекција со Ковид-19 создава 10-месечен имунитет, покажува нова студија

Инфекција со Ковид-19 создава 10-месечен имунитет, покажува нова студија

Претходна инфекција со Ковид-19 значително го намалува ризикот од нова зараза, создавајќи десетмесечен имунитет на корона, покажува студија спроведена од научници од Универзитетот во Лондон (UCL), на резиденти и персонал во домовите за нега.

Студијата, објавена во списанието „The Lancet Healthy Longevity“, открива дека резидентите на старски домови кои претходно биле заразени со Ковид-19, имале речиси 85 проценти помали шанси повторно да се заразат во периодот меѓу февруари и октомври, отколку оние кои не биле заразени, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Членовите на персоналот на тие домови кои веќе се заразиле имале околу 60 проценти помали шанси да се заразат повторно.

„Навистина е добра вест што природната инфекција штити од повторна зараза во подолг временски период. Ризикот од двојна инфекција се чини дека е многу мал“, рече главната истражувачка Марија Крутиков од Институтот за здравствена информатика при UCL.

Исто така охрабрувачки е тоа што претходна инфекција со Kовид-19 обезбедува високо ниво на заштита за згрижeните во домовите, со оглед на претходната загриженост дека овие лица можат да имаат послаб имунолошки одговор како резултат на возраста.

Во студијата учествувале 682 резиденти на домови за нега со просечна возраст од 86 години и 1.429 вработени во старските домови, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина