Утрински Весник
Спорт

Инфантино за коронавирусот: Здравјето не е шега, ситуацијата е сериозна

Инфантино стана член на МОК
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Цирих, 29 февруари 2020 (МИА) – Пријателската средба меѓу Англија и Италија може да биде откажана поради кризата со коронавирусот.

Средбата треба да се одржи по еден месец на „Вембли“, но претседателот на ФИФА, Џани Инфантино призна дека не би исклучил откажување на дуелите, што се однесува до здравјето на луѓето.

„Не исклучувам ништо“, рече Инфантино. „Мислам дека треба да ја следиме ситуацијата заедно со владите, институциите кои исто така треба да одлучат што е дозволено, а што не. Не можеме да се шегуваме со здравјето на луѓето. Ситуацијата е сериозна. Размислувам на решенија сега во случај на криза, бидејќи тоа може да се случи и ние мора да го заштитиме здравјето на играчите“, рече Инфантино.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk