Утрински Весник
Спорт

Интер ќе го задржи Брозовиќ

Интер ќе го задржи Брозовиќ

Марцело Брозовиќ треба да биде една од најголемите ѕвезди, наредното лето. Договорот на хрватскиот репрезентативец истекува наредното лето. Брозовиќ речиси осум години е играч на фудбалер на Интер.

Неколку европски великани го следат Брозовиќ, кого можатд а го добијат бесплатно. Меѓутоа познатиот трансфер-инсајдер, Фабрицио Романо, тврди дека Брозовиќ ќе остане во Интер.

„Колку што знам, во договорот на Брозовиќ, постои клаузула според која клубот може автоматски да ја продолжи соработката по истекувањето на договорот“, напишал Романо на „Твитер“.

Брозовиќ во Интер пристигна од Динамо Загреб. Играчот од редот за врска, беше дел од хрватската репрезентација која во 2018 година, во Русија, го освои второто место на Светското првенство.

> Интер ќе го задржи Брозовиќ <

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk