Милано, 16 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Челси, Оливие Жру сè уште е во областа на интерес на Интер. Миланскиот клуб сакаше да се стекне со 33-годишен Французин уште во јануари, а сега има намера да го потпише на крајот на сезоната, кога фудбалерот може да стане слободен агент.
Жиру е подготвен да замине во Интер дури и со помала плата ако му понуди 3-годишен договор. Во моментов, напаѓачот заработува осум милиони евра годишно.
Интер, пак, се согласува да склучи договор со него според шемата „2 + 1“, додека платата на Жиру д абиде околу 6,5 милиони евра. Толку добиваат и Ромелу Лукаку и играчот од средниот ред Кристијан Ериксен, најплатените играчи на клубот. зс/