Утрински Весник
Спорт

Интер одговорија со тешка победа на Сардинија

Интер одговорија со тешка победа на Сардинија

По испаѓањето од европските натпреварувања во текот на неделата, Интер се концентрираше на борбата за скудетото со камбек 3:1 победа на гостувањето кај Каљари на Сардинија

Домаќините дојдоа во водство преку Рикардо Сотил во 42. минута од мечот, откако Интер пропушти неколку шанси, пред во второто полувреме тие да направат целосен камбек.

Николо Барела израмни во 77. минута, пред Данило Д’Амброзио само што влезе во игра во 84. минута да донесе драгоцена победа за тимот на Антонио Конте. Ромелу Лукаку во 94. минута стави печат на победата на „нераѕурите“.

Со трите поени, Интер се искачи на второто место во Серија А со 24 поени, два помалку од лидерот Милан (кој вечерва ја пречекува Парма), додека тимот на Еузебио ди Франческо е само 12-ти со 12 поени.

> Интер одговорија со тешка победа на Сардинија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Манчестер јунајтед елиминиран од Брајтон во ФА Купот

Андреа Бочели ќе настапи на церемонијата на отворање на ЗОИ 2026

Хаос на Африканскиот куп – Се степаа фудбалерите, навивачите го демолираа стадионот, нападнати и судиите