Утрински Весник
Спорт

Интер и Ериксен ја раскинаа соработката

Интер и Ериксен ја раскинаа соработката

Кристијан Ериксен и Интер ја раскинаа соработката. Епилогот беше неизбежен бидејќи Серија А не е дозволено фудбалер да игра со дефибрилатор.

Ериксен доживеа срцев удар, на натпреварот со Финска на ЕУРО 2020. Лекарите со својата брза интервенција му го спасија животот. Потоа би е вграден дефибрилатор, доби дозвола да игра фудбал, но тоа не може да го прави во Италија.

Ериксен изминатите недели започна да тренира со фудбалерите на Оденсе.

Медиумите пишуваат дека постојат три држави (Данска, Холандија, Англија) каде тој би можел да ја продолжи кариерата.

Според шпекулациите најреално е тој да се врати во Ајакс, чии дрес го носеше од 2010 до 2013 година.

> Интер и Ериксен ја раскинаа соработката <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата