Милано, 12 март 2020 (МИА) – Интер очекува да добие 85 милиони евра за напаѓачот Мауро Икарди, пренесува „Goal.com“. Според изворот, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе преговарал со сопругата и агентот на 27-годишниот Аргентинец, Ванда Нара. „Старата Дама“ се смета за фаворит во борбата за напаѓачот.
Во тековната сезона Икарди настапува во Пари Сен-Жермен како позајмен играч. Фудбалерот има дадено 20 голови и четири асистенции на 31 натпревар за парижаните.
Порталот „Transfermakt.com“ го проценува фудбалерот на 75 милиони евра. зс/