Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Интерните клиники се ставаат во функција на лекување и ковид пациенти

Интерните клиники се ставаат во функција на лекување и ковид пациенти
300x250 opst2

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово се сретна со директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија проф. д-р Дејан Докиќ, како и со дел од медицинскиот персонал, на интерните клиники каде веќе од денеска на располагање се ставаат 150 болнички кревети за лекување на ковид пациенти.

Овој проект со кој се зголемува сместувачкиот капацитет за пациенти заразени со Ковид-19, нема да го поремети нормалното функционирање на сите овие клиники.

Изминатиов период, министерот Филипче со директорите на сите интерни клиники одржа повеќе координативни состаноци, медицинските тимови се подготвени да работат и со ковид пациенти, а да ги вршат и тековните прегледи и интервенции закажани преку „Мој термин“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Универзална сала и Вардариште вечни ветувања за Скопје што никогаш не се реализираа

Падна дел од фасадата во центарот на Скопје, ограден е делот на тротоарот поради опасност за минувачите

Стоп за вардариште од утре ќе протестираат од 15 до 18 часот на мостот „Близнак“