Утрински Весник
Економија

Интервју со Славчо Таушанов – извршен директор во „Халк Осигурување“ АД Скопје

Интервју со Славчо Таушанов – извршен директор во „Халк Осигурување“ АД Скопје

Славчо Таушанов, извршен директор на Халк Осигурување АД Скопје, компанија за неживотно осигурување, присутна на македонскиот пазар од 2007 година и дел од Групацијата Халкбанк, ги споделува искуствата и резултатите за работењето во 2021 година и плановите за следната година.

Господине Таушанов, како извршен директор во Халк Осигурување АД Скопје, дали сте задоволни со успесите на целите што ги имавте поставено во 2021 година?

Халк Осигурување АД Скопје успешно чекори кон целта за да биде една од најголемите осигурителни компании на домашниот пазар, а во 2019 година станавме дел и од Групацијата Халкбанк. Пандемијата продолжи да влијае врз економијата и врз нашиот сектор, но одредени класи осигурување бележат раст најмногу поради нивната специфичност во која се огледуваат ставот и приоритетот на осигурениците кон заштитата на нивното здравје и имот.

Господине Таушанов, од 2019 година вашата компанија напорно работи кон задоволување на потребите на своите и идни клиенти. Кои се резултатите што денес ги има постигнато Халк Осигурување АД Скопје?

Како што кажавте, компанијата од 2019 година целосно се стреми кон успешно спроведување и служење на своите клиенти и многу гордо денес можам да кажам дека според последните статистики, Халк Осигурување АД Скопје е трета компанија во Северна Македонија за неживотно осигурување покривајќи 31,9 % од пазарот. Тоа ја оправдува нашата напорна работа и нè прави задоволни што клиентите имаат комплетна доверба во нашата работа и во услугите што ги нудиме и што сакаме да станат помногубројни во планската програма. Со тоа нашето портфолио на производи наредната година значително би се зголемило.

Според вашето мислење, кој е клучниот момент со кој ја стекнавте довербата на вашите клиенти и се издигнавте на третото место во Република Северна Македонија за неживотно осигурување?

Халк осигурување АД Скопје е показател за работењето и потврда дека е сериозен, стабилен и лојален партнер на граѓаните, стопанството и, генерално, на целото општество во нашата земја. На 20.10.2021 година се реализираше седмата емисија на хартии од вредност на Халк Осигурување АД Скопје, со вкупна вредност од 3.000.000,00 евра, односно 184.953.000,00 денари. Апсолутната вредност на основната главнина по реализацијата на емисијата на хартии од вредност е во висина од 15.500.000,00 евра, со состојба на основната главнина по реализацијата.

Осигурување од различен тип непредвидливи ризици е основа на вашето работење. Кои се плановите кон кои целите во наредната 2022 година?

Пандемијата е момент што придонесе свеста во општеството да добие еден поинаков и поделикатен изглед, а со тоа се подобри и пристапот до здравствените услуги и предноста на полисите за приватно здравствено осигурување. Во иднина, компанијата најавува уште многу други новитети што, пред сè, ќе му служат на општеството и ќе му овозможат безбеден и стабилен живот на секое поле.

Мојата желба во Новата година е секој граѓанин да се почувствува безбедно и со чувство на припадност, без оглед на тоа што моментално општеството, а и светот се соочуваат со сериозни здравствени предизвици.

Ви посакувам многу здравје и успех во Новата 2022 година.

(ПР-текст)

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија