Утрински Весник
Македонија

Интензивно се гради новата детска градинка во Струмица

Интензивно се гради новата детска градинка во Струмица

Струмица, 18 јуни 2020 (МИА) – Интензивно се гради новата детска градинка во урбан блок 36 на просторот во поранешната касарна. Објектот ќе има приземје и кат со вкупна корисна површина од 2.653 метри квадратни, приземје и кат, со капацитет за 300 деца, информираше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски по увидот во градежните работи на овој објект.

– Новата градинка ќе биде изградена по најсовремени стандарди за згрижување на деца од предучилишна возраст и со неа ќе се реши проблемот со недостиг на капацитети во клоновите на градинката „Детска радост“, истакна градоначалникот Јаневски.

Изградбата чини 1,7 милиони евра, од кои најголем дел се обезбедени од министерството за труд и социјална политика, а дел од општинскиот буџет.

Јаневски информираше дека интензивно се гради и новата спортска сала во Основното училиште „Никола Вапцаров“ на површина од 1.200 метри квадратни. За овој проект обезбедени се 40 милиони денари преку министерството за образование од Владата, од Банката за развој при Советот на Европа и од буџетот на општина Струмица. рт/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Денот на Европа одбележан во Скопје со едукативно-забавен настан „Европа низ детските очи“

Филипче: Власта не покажа никаква одговорност за Кочани – јас поднесов оставка, а Владата падна после пожарот во Тетово

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца… имате ли срце?