Утрински Весник
Македонија

Интензивна дезинфекција во Општина Кичево

Интензивна дезинфекција во Општина Кичево

Кичево,19 март 2020 (МИА) – ЈКП “Комуналец” од Кичево започна со реализација на мерките и активностите предвидени со препораките на Владата и Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

-Со цел намалување на опасноста од ширењето на заразата со коронавирусот (Ковид19) се започна со превентивните мерки при што се врши дезинфекција на контејнерите за депонирање отпад на територија на Општина Кичево, вели директорот на Ј.К.П “Комуналец” Зенел Јонузи.

Тој објасни дека се врши и прскање на јавните површини со дезинфекциско средство по најпрометните улици во градот Кичево со цистерна, додека во потесните улички се прска со трактор со атомизер. рз/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

10 милиони евра за реконструкција, а вода тече во собите – студентите реагираат за „Стив Наумов“

Арсенал оружје пронајден во дом на скопјанец

Повредено лице чекало помош, но Итната помош не испратила екипа – кривични пријави за двајца вработени во Тетово