Утрински Весник
Македонија

Интензивна дезинфекција во Куманово

Интензивна дезинфекција во Куманово
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Куманово, 17 март 2020 (МИА) – Екипите на кумановскот јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ интензивно ја спроведуваат дезинфекцијата на јавно-прометните повшрини, паркови, контејнери и редовно ги мијат улиците во приградските населби како и во урбаната средина. Засилената деизнфекција на јавните и приватните установи е дел од препораките кои ги донесе општинскиот кризен штаб кој заседаваше по втор пат за две недели.
Освен, на јавните површини, општинскиот кризен штаб ги повика и станбените домари во координација со секторот за инспекциски надзор од Општина Куманово да спроведе дезинфекција на зградите, установите да ги обезбедат сите услови, што подразбира дезинфекција. Објектите на градинката веќе извршија редовна и вонредна дезинфекција, се дезинфицираат училиштата, а во нив ќе можат да влегуваат исклучиво овластени лица, назначени од раководставта на установите.
Старите и немоќните лица можат да ја користат општинската асистенција за набавка на намирници и лекови.
Од штабот повикаа во доследност да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравсвство и Влада, а за повеќе информации во врска со вирусот граѓаните можат да најдат на линкот на официјалната веб страница на Министерство за здравство. ам/вг/
 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

20 сообраќајки синоќа се случиле во Полошкиот регион

Николоски: Покажавме како се чува националното единство, да се бориме за нашите интереси без да виткаме кичма 

Пожар во зграда во Штип, две лица завршија во болница