Утрински Весник
Македонија

Интегра поднесе тужба до Управниот суд за изборите

Интегра поднесе тужба до Управниот суд за изборите
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонската конзервативна партија Интегра поднесе тужба до Управен суд која се однесува на изборниот процес во делот на сумирање и утврдување на резултатите од гласањето.

„Бараме повторно спроведување на процес на пребројување на гласачките ливчиња во присуство на претставници од Интегра и други заинтересирани страни. Доколку ова не се прифати Интегра предлага судот да донесе одлука за нерегуларни избори за пратеници на Предвремените парламентарни избори 2020“, соопштија од партијата.

Од таму велат дека ДИК не била во објективна можност да ги прикажува резултатите во реално време, од причина што нејзината веб-страница не работела повеќе од 12 часа.

„Ставовите на официјалните претставници на ДИК што беа пренесени преку сите електронски медиуми, беше дека нивниот сајт е хакиран, со што не биле во можност да ги прикажуваат резултатите во реално време. Следствено, овој процес на сумирање и утврдување на резултати е контаминиран. На контаминиран процес не може да се заснива утврдување на резултати од гласање“, велат од Интегра.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Последната фаза од кампањата на ВМРO-ДПМНЕ е репресија и политички прогон, велат од СДСМ

Кој прв, а кој последен ја дочекува Новата година според временските зони

Сообраќајна несреќа го блокира патот Кочани – Штип