Утрински Весник
Свет

Институт „Пастер“: Вакцината на „Фајзер“ поефикасна против британскиот отколку против индискиот вид

Институт „Пастер“: Вакцината на „Фајзер“ поефикасна против британскиот отколку против индискиот вид

Вакцината на „Фајзер“ произведува антитела кои можат да го неутрализираат индискиот вид на коронавирус, но сепак со незначително намалена ефикасност според лабораториските тестови, покажува студијата на истражувачите од францускиот институт „Пастер“.

Кај лицата вакцинирани со две дози вакцина на „Фајзер/Бионтек“ антителата присутни во крвниот серум се ефикасни против англискиот вид на коронавирус, но се малку помалку ефикасни против индискиот вид, според наодите од студијата, кои се појавија на порталот BioRxiv.

„Иако ефикасноста е малку намалена, според лабораториските тестови, вакцината на ‘Фајзер’ веројатно штити“, изјави Оливие Шварц, коавторот на студијата и директор на одделот за вируси и имунитет на Институтот „Пастер“ во Париз.

Истражувачите исто така ја тестирале ефикасноста на вакцината на „Астразенека“ на тие видови, но само кај луѓе вакцинирани со само една доза од вакцината, бидејќи во моментов немаат пристап до примероци со две дози.

Бидејќи втората доза на оваа вакцина се дава по 12 недели, а препаратот започна да се користи во ЕУ дури во февруари, други дози започнаа да се даваат дури на крајот на април во Франција, и тоа кај помал број на луѓе затоа што е ограничено да се дава на население над 55 години.

Врз основа на една доза, резултатите покажуваат дека вакцината на „Астразенека“, која е ефикасна за англискиот вид на вирус, има многу мал ефект врз индискиот и јужноафриканскиот вид.

„Се чини дека една доза од таа вакцина има малку или воопшто нема ефект врз индискиот вид“, наведоа истражувачите.

Индиската варијанта (Б.1.617) е откриена во Индија во октомври 2020 година и оттогаш се прошири во низа други земји, вклучувајќи ја и Велика Британија.

Можете да прочитате

Путин загрижен за безбедноста на Трамп: Се надевам дека ќе биде внимателен

Сибирски студ во Централна и Источна Турција со температури 20 степени под нулата

Руската армија незапирливо напредува: паднаа уште две важни места на рутата Донецк