Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Инстаграм ѝ ги избриша разголените фотографии на Мадона: „A не ви пречат машките брадавици? Чист сексизам“, одговори таа

Инстаграм ѝ ги избриша разголените фотографии на Мадона: „A не ви пречат машките брадавици? Чист сексизам“, одговори таа
Img 7972

Мадона остана без новите секси фотографии на Инстаграм на кои ги покажа голите брадавици. Политиката на цензурирање на оваа социјална мрежа ја налути пејачката и таа преку долга објава им се пожали на своите фанови.

Најновите разголени фотографии на поп-кралицата (63) на кои, меѓу другото, ја покажа и својата гола брадавица, ’преживеаја’ на Инстаграм само еден ден. Пејачката во средата повторно ги објави, но овој пат цензурирани, и се пожали дека, според нејзино мислење, постапиле крајно неправедно од Инстаграм.

„Повторно ги објавувам фотографиите кои Инстаграм ги отстрани без предупредување или известување. Причината за отстранувањето, која им ја кажале на моите менаџери кои воопшто не управуваат со мојот профил, е тоа што ми беше откриен мал дел од брадавицата,“ напиша кралицата на попот.

„Сè уште не ми се верува дека живееме во култура која дозволува да се покаже секоја педа од телото на жената освен брадавицата. Како тоа да е единствениот дел од анатомијата на жената што може да сексуализира. Брадавица која храни бебе! Зарем машката брадавица не може да биде еротска? А што е со женскиот задник кој никогаш никаде не е цензуриран?“ додаде таа.

„Благодарна сум што успеав да го одржам здравиот разум низ четири децении цензура, сексизам и мизогинија. Ова е совршено во склад со лагите во кои бевме воспитувани, да веруваме во приказните за аџиите кои мирно кршеа леб со Индијанците кога дојдоа во Плимут Рок! Господ да ја благослови Америка,“ заклучува Мадона, а во коментарите многумина се согласуват со неа.

„Така е, драга Мадона. Треба да можат да ги покажат своите тела,“ коментираше фан под објавата на Мадона, на која пејачката повторно собра повеќе од 700,000 лајкови.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи