Утрински Весник
Македонија

Инспекторите растурија свадба во Глумово со 250 гости, следи кривична пријава

Среде епидемија викнале 180 гости на свадба, веселбата ја прекинала лажна дојава за бомба

Инспекторите откриле уште еден случај на масовно непочитување на мерките против коронавирус во околината на Скопје. Синоќа во периодот од 20.00 до 23.30 часот полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, во угостителски објект во селото Глумово – Сарај. Притоа, во објектот, сопственост на Б.Ј.(35) од с.Глумово, се одржувала семејна веселба (свадба), на која биле затекнати 250 лица.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи ќе бидат поднесени кривична пријава по чл.206, за непочитување на одлуките од Владата во врска со Ковид-19 и прекршочни платни налози по чл.6 од Уредбата за неносење на лична заштита на лицето.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжуваат со засилените контроли во објекти во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус и санкционирање лица кои не ја почитуваат Уредбата за носење лична заштита на лицето.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Левица: Мицкоски да одговори како Фетаи со двојно државјанство добил пристап до државни тајни

Поднесено обвинение за депониите во Вардариште, ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Потпишана нова Рамка за соработка со Обединетите нации