Утрински Весник
Македонија

Индустриската улица во Гевгелија доби нов асфалт

Индустриската улица во Гевгелија доби нов асфалт

Гевгелија, 23 јуни 2020 (МИА) – Со поставување на нов асфалт, денеска заврши комплетната реконструкција на најфрекветната улица „Индустриска“ која се наоѓа во старата стопанска зона во Гевгелија во која се стационирани повеќето стопански објекти во градот.

– Реконструкцијата на улицата опфати повеќе градежни активности како поставување на канализација за атмосферски води, нејзино проширување од пет на седум метри, тампонирање, уредување на тротоар од нејзината јужна страна и на крајот поставување на нов асфалт, велат од општината.

Посочија дека реконструкцијата на стопанската сообраќајна аорта во Гевгелија, долга 400 метри, на учесниците во сообраќајот ќе им  овозможи полесно движење, а на индустриските објекти ќе им гарантира поголема безбедност од поплавување на дворните површини и објектите по обилните врнежи од дожд.

Реализацијата на проектот е во рамки на годишната програма за обнова, реконструкција и одржување на локалната патна мрежа за која од општинскиот буџет се одвоени триесетина милиони денари. им/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Автомобил се преврте на автопатот Скопје–Велес, повредени три девојки

Имплементација на пресудите на Европскиот суд за човекови права во фокусот на дебатата во Талин

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал