Утрински Весник
Свет

Индонезија тестира кинеска вакцина за коронавирус

Германски експерт очекува вакцина против коронавирусoт до крајот на годинава

Индонезија почна со тестирање на вакцина против коронавирус, изработена од лабораторијата Синовац Биотек. Ова е една од ретките вакцини во последната фаза од клиничките испитувања пред да добие дефинитивно одобрение за употреба.

Тестирањето на вакцината е предвидено да трае до февруари и се врши врз 1.600 волонтери. Доколку по овие тестови се покаже дека вакцината е ефикасна, индонезиските власти предвидуваат дека ќе произведат голем број дози за тој голем архипелаг со 270 милиони жители.

„Заканата од Ковид-19 нема да заврши сè додека не се вакцинираат сите Индонезијци“, нагласи индонезискиот претседател Џоко Видодо.

Вакцината во исто време се тестира на 9.000 волонтери во Бразил, втора најтешко погодена земја од пандемијата на коронавирусот по САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови

„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина

Хезболах истрела 150 ракети кон Израел