Утрински Весник
Свет

Индија ја менува реториката поради Буча

Индија ја менува реториката поради Буча

Индија остро го осуди масакрот на цивилите во Буча и повика на независна истрага.

Станува збор за промена на реториката на Индија, која веќе некое време е под значителен притисок од Западот да ја осуди руската инвазија, што сè уште не го сторила.

„Неодамнешните извештаи за убиствата на цивили во Буча се длабоко вознемирувачки“, рече Т.С. Тирумурти, претставник на Индија во ОН, на седницата на Советот за безбедност.

„Силно ги осудуваме овие убиства и поддржуваме независна истрага“, рече Тирумурти.

Индија досега се воздржуваше од гласање во Генералното собрание на ОН за резолуции со кои се осудува руската инвазија на Украина и се обидуваше да ги балансира своите блиски врски со Москва, но во исто време повика на прекин на насилството.

Непосредно пред говорот на Тирумурти во Советот за безбедност, американскиот министер за надворешни работи Антони Блинкен телефонски разговараше со неговиот индиски колега Џаишанкар.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки претходно го повика Њу Делхи „да размисли каде сака да биде кога ќе се пишува историјата за овие моменти“.

Можете да прочитате

Уште шест лица повредени во трката со бикови во Памплона

Киев: Соборени 40 од 60 дронови со кои Русија ја нападна Украина

Германската полиција заплени дрога со улична вредност од 20 милиони евра