Утрински Весник
Свет

Индија повторно на врвот со новозаразени од коронавирус

Индија повторно на врвот со новозаразени од коронавирус

Индија повторно забележува најголем дневен број на новозаразени лица со коронавирус. Во последните 24 часа се пријавиле уште 386.452 нови случаи на заболени со Ковид-19, објави Министерството за здравство. 3.498 луѓе починале како резултат на болеста.

Полицијата во главниот град на Њу Делхи побара од локалните власти да утврдат дополнителни локации за кремирање на мртвите, објави Би-Би-Си.

Повеќе од 390 смртни случаи се пријавени во главниот град од вчера, најголем од почетокот на пандемијата. Вкупно над 18 милиони луѓе се заразени низ целата земја.

Сè уште нема доволно кислород или болнички кревети, а луѓето упатуваат барања преку социјалните мрежи да се грижат за своите најблиски.

Централната влада се соочува со сè поголеми критики за начинот на третирање на пандемијата и за одобрување политички митинзи и верски фестивали.

Вчера министерот за здравство Харш Вардан ја бранеше Владата и рече дека стапката на смртност во Индија е најниска во светот, како и дека резервите на кислород се „соодветни“.

Можете да прочитате

Кремљ одби да го коментира украинското тврдење за планиран заговор за убиство на Зеленски

ОН се загрижени поради десетици случаи на колера по поплавите во Кенија

АстраЗенека ги повлекува своите вакцини против коронавирус од пазарот ширум светот