Утрински Весник
Свет

Индискиот сој стигна и во Словенија

Индискиот сој стигна и во Словенија

Првиот случај на индискиот сој на коронавирусот во Словенија е откриен во примерок земен на 20 април, објавија денеска словенечките медиуми.

Директорот на Институтот за микробиологија и имунологија, Мирослав Петровец, сè уште не ја потврдил информацијата пред домашната јавност, а се претпоставува дека тоа ќе го стори утре на прес-конференција на која ќе го претстави ширењето на нови видови на коронавирус во Словенија, меѓу кои најприсутен е британскиот.

Можете да прочитате

Торнадо го погоди југот на Франција, 15 повредени и оштетени куќи

Нетанјаху: Иран се обиде да го убие мојот син

Банди извршија масакр во Хаити, над 40 лица убиени