Утрински Весник
Свет

Индиската компанија Зидус го започна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската компанија Зидус го започна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти започнале клинички да тестираат можна вакцина против „Ковид 19“ врз луѓето.

Првите дози ДНК-вакцина врз база на плазма наречена ZyCoV-D беа применети денес заради тестирање врз луѓе, се вели во соопштението на компанијата.

Вакцината предизвика силен имунолошка реакција при тестирање на животни како глувци, стаорци, заморчиња и зајаци. Досега не се регистрирани неповолни здравствени ефекти.

„Кај зајаците, администрираните дози беа трипати поголеми од оние наменети за луѓето и тие се покажаа безбедни и имуногени“, велат од компанијата.

Компанијата наведува дека платформата на ДНК-вакцината што ја развиле, може да се користи за евентуално прилагодување на вакцините, во рок од неколку недели, во случај на мутација на коронавирусот со цел да се обезбеди целосна ефикасност.

Заедно со неколку други држави, Индија забрзано бара вакцина против Ковид-19 бидејќи се зголемува бројот на заболени и починати.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

16 загинати во дом за стари лица во Индонезија

ЕДНО ПРАШАЊЕ ОСТАНА НЕРЕШЕНО: Трамп и Зеленски блиску до договор за Украина

СЗО: Од алкохол во ЕУ умираат 800.000 луѓе годишно