Утрински Весник
Економија

Инвеститорите во Германија стравуваат од нов бран на коронавирус

Инвеститорите во Германија стравуваат од нов бран на коронавирус

Очекувањата на инвеститорите за германската економија трет месец по ред се влошени и тоа како резултат на стравувањата од нов бран на зарза со „Ковид-19“ и забавување на кинеската економија, покажува извештајот на институтот ЗЕВ.

Индексот што ги мери очекувањата на инвеститорите за германската економија во наредните шест месеци падна за 22,9 поени во август од 40,4 поени во јули, објави институтот.

„Индексот на очекувања паѓа трет месец по ред, што укажува на се поизразени ризици за германската економија, како што е можниот четврти бран на коронавирусот оваа есен или забавување на растот во Кина“, објаснува претседателот на институтот Ахим Вамбах.

Инвеститорите продолжуваат да ја проценуваат моменталната состојба во најголемата европска економија.

Можете да прочитате

Раст на цените на нафтата поради тензии на Блискиот Исток и зголемена побарувачка во САД

Филипче: Имам информација дека следи ново задолжување од 300 милиони евра, задолжувањата немаат крај

Филипче: Поддршка за протестот на работниците, платите за време на СДСМ драстично пораснаа