Утрински Весник
Свет

Инвестирање во иднината на Западен Балкан е инвестирање во иднината на ЕУ, порача Фон дер Лаен

Инвестирање во иднината на Западен Балкан е инвестирање во иднината на ЕУ, порача Фон дер Лаен
300x250 (7)

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, во својот годишен говор за состојбата на ЕУ, ја истакна важноста на европската интеграција на Западен Балкан и најави претстојна посета на регионот.

“Пред крајот на месецот, патувам во регионот за да испратам силен сигнал за нашата посветеност кон процесот на проширување. Тоа им го должиме на сите млади луѓе кои веруваат во иднината во Европа”, рече Фон дер Лаен.

Img 5587

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, таа додаде дека ЕУ, исто така, ја зајакна финансиската поддршка за Западен Балкан преку нов инвестициски и економски план, кој претставува околу една третина од БДП на целиот регион на Западен Балкан.

„Инвестиција во иднината на Западен Балкан е инвестиција во иднината на ЕУ“, заклучи Фон дер Лаен.

Говорејќи за улогата на ЕУ како глобален играч, претседателката на Европската комисија истакна дека тактиката на одбрана на интересите на ЕУ не е само во зајакнување на сопствените капацитети на одбраната, туку и во создавање силни партнерства низ целиот свет како основа за идна стабилност и просперитет.

“Таа работа започнува со продлабочување на нашата соработка со најблиските сојузници, како што се САД. САД и ЕУ секогаш ќе бидат посилни заедно, а истото важи и за нашите соседи на Западен Балкан”, рече Фон дер Лаен.

Предупреди дека Европа може и мора да направи повеќе сама на меѓународната сцена, пред се, за да обезбеди стабилност во најблискиот регион.

„Ако не реагирате навреме на кризата во соседството, кризата ќе дојде кај вас“, заклучи Фон дер Лаен.

Таа, исто така, предупреди дека недостатокот на политичка волја е најчестиот пример за одложување на реакцијата на ЕУ на меѓународната сцена.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години