Рим, 26 февруари 2020 (МИА) – Најдобриот стрелец во Италијанскиот фудбалски шампионат не тренира со Лацио заради зголемена телесна температура. Тој го пропушти вчерашниот тренинг и не се знае кога ќе се врати на обврските.
Тренерот Симоне Инзаги се надева дека играчот ќе му биде на располагање за средбата со Болоња в сабота.
Триесет годишниот Имобиле постигна 27 голови на 25 натпревари во Серија А и го предводи списокот на стрелци.
За потсетување, Италија има појава на коронавирус. Веќе се заразени околу 300 луѓе, а седуммина починаа. Голем број натпревари од 25. коло во Серија А беа одложени, а повеќето од натпреварите од 26. коло ќе се одржат без гледачи. зс/