Утрински Весник
Свет

Името на наследникот на Борис Џонсон ќе биде познато на 5 септември

Британската Конзервативна партија ќе го објави наследникот на премиерот Борис Џонсон на 5 септември по гласањето меѓу членовите на партијата врз основа на правилата договорени од партиските претставници во понеделникот.

dobivaj vesti na viber

Конзервативната партија објави дека со поштенско гласање меѓу членовите на партијата ќе се решава изборот меѓу двајцата кандидати избрани за конечното гласање како дел од забрзаниот процес на селекција меѓу 11-те кандидати што досега ја објавија својата кандидатура, пренесува „Ројтерс“.

Медиумот потсетува дека Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата претседател на Конзервативната партија на 7 јули и најави дека ќе остане на премиерската позиција сè додека не се избере нов претседател на партијата.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела