Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Има 40 години, ама го молиме Федерер да одигра уште еден Вимблдон“

„Има 40 години, ама го молиме Федерер да одигра уште еден Вимблдон“
300x250 opst2

Поранешната шампионка на Вимблдон, Марион Бартоли смета дека Роџер Федерер се уште не го кажал последниот збор во тенисот. Швајцарецот неодамна соопшти дека го чека нова долга пауза поради операција на коленото – по третпат.
Сепак, Бартоли смета дека тој ќе направи барем уште еден напор.

„Ако нешто научив од Федерер тоа е дека е невозможно да ги прочиташ неговите мисли. Кога ги слушате неговите прес-конференции може да помислите едно, а да се случи сосема друго“ смета Бартоли.

Новинарката Карол Бушар која разговараше со Бартоли смета дека Швајцарецот нема да дозволи поразот од Хуркач да му е последниот меч во кариерата.

„Верувам дека ќе се обиде да одигра барем уште еден Вимблдон, но тоа значи дека е потребно да игра и во Австралија, нешто и на земјена подлога за да дојде до формата. Верувам дека ќе се обиде. Има 40 години и сите го молиме да одигра уште еден Вимблдон. Еден од најгоемите шампиони, гледано во сите спортови. Ќе се обиде, верувам дека следната година ќе го видиме во Лондон. Се надевам дека коленото нема да го мачи“ рече Бушар.

> „Има 40 години, ама го молиме Федерер да одигра уште еден Вимблдон“ <

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент