Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Имаме највисок напредок во регионот по бројот на вакцинирани граѓани со барем една доза, велат од Министерството за здравство

Имаме највисок напредок во регионот по бројот на вакцинирани граѓани со барем една доза, велат од Министерството за здравство
Img 7972

Северна Македонија е лидер во регионот по бројот на граѓани кои се вакцинирани со барем една доза од вакцината во изминатиот месец и половина, наведува Министерството за здравство.

Според последните податоци, во периодот од 5 јули до 24 август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14 отсто, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот.

Во истиот период, веднаш по Северна Македонија се наоѓаат Косово со 10, 64 отсто, Албанија и Грција со 8,61 отсто и Црна Гора со 8,04 отсто зголемен процент на вакцинирани граѓани со барем една доза од вакцината. Зголемувањето во Босна изнесува 7,95 отсто, додека во Словенија 6,9 отсто.

Најмал напредок во регионот забележан од 5-ти до 24-ти август има во Србија, односно 2,49 отсто, и Бугарија со само 1,66 отсто зголемен процент на вакцинација.

„Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири. Вакцините се безбедни и ефикасни и претставуваат превенција од развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смртен исход. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје“, наведуваат од Министерството.

Можете да прочитате

Костова: Со стиснати тупаници против апашлукот на ДПМНЕ, се бориме за нашиот дом

Анастасов: Бесплатен седумдневен летен одмор за сите полуматуранти, бесплатна екскуризја низ Европа за сите матуранти во новиот мандат

Мицкоски од Струга: Судството и обвинителството ги штитат СДСМ и ДУИ