Утрински Весник
Магазин

Илон Маск испрати уште 46 сателити Starlink во орбитата

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Starlink, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата.

dobivaj vesti na viber

Лансирањето во петокот, од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити.

По етапата во која сателитите ќе се одвојат од „Фалкон 9“, леталото ќе се врати на земјата, а првата фаза од ракетата веќе е искористена во девет лансирања.

Мрежата Starlink е создадена за да обезбеди пристап до Интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми.

„Space X“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари.

Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Starlink во орбитата, објави ТАСС.

Можете да прочитате

Што жените над 40 години не ги сакаат кај мажите, а генерацијата Z ги смета за привлечни

Зорица Брунцлик итно префрлена на хирургија

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра