Утрински Весник
Спорт

Икарди го менува Обамејанг во Арсенал?

Икарди ќе го тужи Интер

Лондон, 8 мај 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Арсенал би можел да го замени Пјер-Емерик Обамајанг за Мауро Икарди.

Според италијанските медиуми, напаѓачот на Пари Сен Жермен наскоро би можел да се пресели на Островот.

Аргентинецот сепак е официјално играч на Интер, но тој сигурно нема да се врати во тој клуб, па ќе мора да бара ново опкружување ако парижаните не решат да го откупат неговиот договор.

Тука на сцена стапуваат „топџиите“, кои веројатно наскоро ќе треба да го продадат напаѓачот од Габон, кој, според медиумите, е незадоволен од клубот.

Обамејанг честопати се поврзуваше со трансфер во друг клуб, меѓу другите и во Реал Мадрид.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонското фудбалско првенство продолжува на 10. февруари

Ѓоковиќ: Ќе се вратам на АО, но дали ќе ме видите тука како активен играч, времето ќе покаже

Осогово и Вардар со хуманитарен натпревар за жртвите од трагедијата во Кочани