Иако омразата меѓу свекрвите и снаите во најголем број случаи е само мит, овие неколку жени навистина го почувствувале тоа на својата кожа. Мислите дека нема да се сложите со семејството на вашето момче или сте сигурни дека најблиските на вашиот сопруг се ужасни? Верувајте, има и многу полошо. Сајтот „Ask Woman“ праша неколку жени, која е најлошата работа што ја слушнале од своите свекрви, а Hafington post пренесува 9 најлуди.
1.„Знам дека чекате деца, но ти веќе остаре!, ми рече свекрва ми, а немам ни 35 години“, се пожали една жена.
2.„ Поранешната свекрва три години ми се обраќаше со името на поранешната жена на мојот сопруг“.
3.„Украде покани за нашата венчавка и им испрати на своите пријатели, а ние сакавме мала и интимна веселба. На крајот имавме свадба со пијани гости од кои што не познававме речиси никој“.
4.Свекрва: Зар не се балерините прекрасни?
Јас: Да.
Свекрва: Дали ти некогаш си се занимавала со балет?
Јас. Не, за жал.
Свекрва: Се гледа. Тие се грижат за своето тело“.
5.„Кога мојот свршеник им кажа на родителите дека ќе се венчаме и дека навистина ме сака, неговата мајка шокирано праша:
– Ја сакаш повеќе од Ејми? Јас ја сакав Ејми. Ми недостасува.
Никој од присутните не можевме да поверуваме што слушнавме.(Ејми беше неговата поранешна девојка која го изневерила со друг и го оставила).
6. „Јас: Јас не сакам фудбал.
Свекрва: Па, добро, само интелигентните луѓе сакаат фудбал“.
7.„Првото нешто што ми го кажа свекрвата кога се запознавме беше дека не може да поверува како нејзиниот син ме донесол мене дома, бидејќи обично излегувал со згодни жени“.
8.„Мојата свекрва го советуваше мојот веќе поранешен маж да оди на ергенска забава. Кога им реков дека веќе е оженет, таа ми одговори дека нема врска, треба да оди, можеби ќе запознае некоја нова. Ја мразев таа жена!“.
9.„Свекрва ми на својот Фејсбук профил објави видео за вежбање и нè тагна мене и ќерка и. Под него напиша: Сега веќе немате изговор што не вежбате“.