Утрински Весник
Македонија

Изречени 57 казни за паркирање во зеленило на Водно

Изречени 57 казни за паркирање во зеленило на Водно
Ss2

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Изречени се 57 казни за паркирање во зеленило на Водно во тек на изминатиот викенд, при контролата на градските комунални радаи, со цел да се заштити планината  од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот.

– Благодарение на овие засилени контроли на градските комунални редари викендов беше избегнат метежот од возила, бесплатните автобуси беа полни, а посетителите имаа оптимални услови за рекреација, соопшти денеска Град Скопје.

Ss1

Бесплатниот автобуски превоз викендот го искористиле над 4 000 патници на трите бесплатни автобуски линии кои прават 29 тури дневно кон Средно Водно. Паркингот на Водно викендов го искористиле 376 возила според бројот на испратени СМС пораки. Со Жичницата, пак, што работеше со полн капацитет, се искачиле 3.500 патници.

Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено и спречување метеж од возила за време на викендите, Град Скопје воведе бесплатен автобуски превоз за време на викендите и празниците, а на паркиралиштата на Средно Водно е воведено зонско паркирање. На паркиралиштата е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли. Паркирањето е бесплатно за хендикепираните лица, како и за туристичките автобуси.

Град Скопје апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а возилата да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. лв/сп/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Силен СДСМ во Собранието е потребен за да не дозволиме ВМРО повторно да владее неконтролирано

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Ковачевски: Со СДСМ, Македонија влезе во ООН, стана членка на НАТО и отвори преговори со ЕУ