Утрински Весник
Свет

Израел ќе дозволи посети на туристи од следниот месец

Израел ќе дозволи посети на туристи од следниот месец

Израел од следниот месец ќе дозволи ограничен влез на туристички групи, бидејќи, поради засилената програма за вакцинирање, бројот на лица заразени со коронавирус е намален, објави Министерството за здравство.

Израел ги затвори своите граници во март минатата година, а враќањето на странците ќе придонесе за зајакнување на економијата, која во 2020 година забележа пад од 2,5 проценти. Стапката на невработеност во Израел е десет проценти.

Сите странски посетители ќе мора да покажат негативен тест пред да се качат во авионот, а по пристигнувањето на аеродромот „Бен Гурион“ недалеку од Тел Авив ќе треба да направат серолошки тест за да докажат дека се вакцинирани.

Во соопштението од министерствата за здравство и за туризам се посочува дека во првата фаза, ограничен број групи ќе започнат да пристигнуваат на 23 мај. Точниот број на членови на групата не е објавен.

Во подоцнежните фази, бројот на групите ќе се прошири, а потоа ќе им биде дозволено доаѓање и на поединци.

Можете да прочитате

Украдени се над 400.000 KitKat чоколадца

Хутите извршија напади врз Израел, ексалира војната на Блискиот исток

Притисок врз НАТО? Трамп се заканува дека ќе ја повлече војската од Германија