Утрински Весник
Свет

Израел од денеска почнува со четврта тест доза против коронавирус

Израел од денеска почнува со четврта тест доза против коронавирус

Најголемата болница во Израел од денеска ќе почне да ја дава четвртата доза од вакцината против коронавирус, која ќе ја примат нејзините 150 вработени, како дел од тестот со цел да се процени дали е неопходно да се даде уште една бустер доза, соопшти денеска институцијата.

Медицинскиот центар Шеба, лоциран во близина на Тел Авив, соопшти дека тестот ќе помогне да се расветли ефективноста на четвртата доза и да им помогне на носителите на одлуки да ја одредат здравствената политика во Израел и во странство.

Медицинскиот центар Шеба не соопшти колку ќе трае прегледот, пренесува „Ројтерс“. Сите 150 вработени во болницата кои учествуваа во студијата добија зголемена доза од вакцината против коронавирус до 20 август.

Прегледот бил одобрен од израелското Министерство за здравство, велат од болницата.

Панел експерти од Министерството за здравство претходно препорача да се даде четвртата доза од вакцината на „Фајзер и Бионтек“ на Израелците постари од 60 години, кои примиле бустер доза пред најмалку четири месеци.

Од почетокот на пандемијата, во Израел се регистрирани повеќе од 1,3 милиони луѓе заразени со вирусот, додека 8.242 лица починале како последица на оваа инфекција, покажуваат податоците на сајтот „worldometers“.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме