Утрински Весник
Свет

Израел: Најбрза вакцинација во светот по глава на жител

Израел: Најбрза вакцинација во светот по глава на жител

Од декември повеќе од една третина од населението во Израел е вакцинирано, што се смета за најбрза кампања за вакцинација по глава на жител во светот. Од девет милиони граѓани, повеќе од 3,4 милиони примиле вакцина.

Сепак, и покрај забрзаната имунизација, дневно се регистрираат околу 6.500 нови случаи на зараза со Ковид-19. Бројот на позитиви, сепак, се намалува во споредба со средината на јануари, кога имаше околу 8.000.

Од вчера, на Израелците веќе не им е забрането да одат само еден километар од нивниот дом. Почнаа да работат фризерските и козметичките салони, во кои може да има една личност која ќе му дава услуги на еден клиент.Природните резервати и националните паркови се повторно отворени.

Хотелите сè  уште се затворени, а рестораните ќе имаат дозвола само да подготвуваат храна за носење, а во пансиони можат да престојуваат само членови на исто семејство. Прекинот на меѓународните летови останува на сила до 20 февруари, заедно со затворањето на копнените граници на Израел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел објави дека ги започнал првите фази од офанзивата врз Газа

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд