САД вчера по трет пат ја блокираа заедничката изјава на Советот за безбедност на ООН, во која се повикува на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјавија двајца информирани дипломати за „Тајмс оф Израел“.
Изјавата беше предложена од Норвешка, Тунис и Кина по вчерашната вонредна седница на Советот за безбедност на ООН посветена на ескалација на конфликтите во Израел и Газа, а во неа обете страни повикаа на итен крај на конфликтот и деескалација на тензиите.
Претставниците на САД не ја коментираа изјавата, а членовите на Советот за безбедност на ООН имаат време да ја разгледаат изјавата до денеска напладне, наведува „Тајмс оф Израел“.
Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, на вчерашната седница на Советот за безбедност побара итно прекинување на конфликтот меѓу Израел и Палестинците од Појасот Газа.
На седницата на Советот за безбедност на ООН, САД ги информираа Израел, Палестинците и другите заинтересирани страни дека се подготвени да понудат поддршка „доколку спротивставените страни сакаат прекин на огнот“, со цел да се запре и да се стави крај на насилството во Газа.