Првата доза на вакцина “Фајзер” е веќе 85 проценти ефикасна против коронавирус и тоа помеѓу втората и четвртата недела од вакцинацијата, информираат израелски експерти.
Студијата е спроведена меѓу здравствените работници во најголемата болница во Израел, која започна со масовна вакцинација на 19 декември, а е оценета како најбрза во светот.
Израелските студии досега покажаа дека Фајзер вакцината е 95% ефикасна една недела по втората доза.
Во студијата се опфатени повеќе од 9000 здравствени работници во болницата „Шеба“ во близина на Тел Авив.
Истата покажала дека вакцината била 47 проценти ефикасна помеѓу првиот и 14-тиот ден по вакцинирањето, што се искачило на 85 проценти по 15 до 28 дена.
“Она што го гледаме е многу висока ефикасност по само две недели. После две до четири недели од вакцинацијата, веќе гледаме висока ефикасност од 85 проценти намалување на симптоматските инфекции”, вели коавторот на студијата .
И покрај тоа што вакцината е „неверојатно ефикасна“, научниците сè уште проучуваат дали вакцинираните лица сè уште можат да бидат носители.
“Ова е големо, големо прашање. Ние работиме на тоа. Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести”, истакнуваат експертите.