Утрински Весник
Свет

Израелскиот суд го одложи случајот за корупција против Нетанјаху поради изборите

Израелскиот суд го одложи случајот за корупција против Нетанјаху поради изборите
Dik 300x250 mk

Судот во Ерусалим го одложи почетокот на случајот за корупција против израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за април, објави „Асошиејтед Прес“.

Одложувањето се должи на фактот дека во Израел ќе има парламентарни избори на 23 март.

Нетанјаху рече дека сослушувањето на сведоците во случајот треба да се одржи по изборите, бидејќи во спротивно би имало мешање во политичкиот процес.

Неколку поранешни соработници на Нетанјаху се согласија да сведочат против него како сведоци на обвинителството.

Нетанјаху е обвинет за измама, нарушување на довербата и примање мито. Израелскиот премиер ги негира обвинувањата, објави „Асошиејтед Прес“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Се повеќе белгиски државни службеници отсуствуваат од работа поради стрес и премореност