Утрински Весник
Свет

Израелска студија: вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на коронавирусот

Израелска студија: вакцинацијата го намалува ризикот од пренесување на коронавирусот

Научниците во Израел спровеле истражување кое покажало дека вакцинацијата против коронавирус, покрај тоа што создава лична заштита, го намалува и ризикот од нејзино пренесување.

Тие ги анализирале лабораториските резултати на 5800 заразени лица, од кои половина ја добиле првата доза на вакцини од Бионтек и Фајзер.

ПЦР тестовите откриле дека вакцинираните пациенти произвеле четири пати помалку честички од коронавирусот од 12. до 28. ден по приемот на вакцината, отколку оние кои не ја примиле вакцината.

„Помала количина на вирус значи и помала можност за пренесување“, велат научниците од Израел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Активирана експлозивна направа во еврејско училиште во Амстердам

Во израелски напад врз јужен Либан загинаа најмалку 12 медицински работници

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток