Утрински Весник
Македонија

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава

Изработена првата мапа за коронавирус во земјава

 

Скопје, 15 март 2020 (МИА) –  Состојбата со заболени лица од коронавирусот во земјава може да се следи на апликацијата

http://gdi-sk.maps.arcgis.com/apps/opsdashboard/index.html#/2096bd4b051b42948ac3f5747e80c3a5

која компанијата ГДи Скопје ја прилагоди за потребите на нашите граѓани.

Покажувајќи општествена одговорност, компанијата, на едно место, ги регистрира сите случаи на заболени лица од коронавирусот во земјава и на тој начин, настојува да ги алармира граѓаните за кризните подрачја и носење вистински одлуки.

Според генералниот директор на ГДи Скопје, Дејан Крстевски оваа апликација ја имаат и другите држави во регионот, каде податоците се ажурираат согласно известувањата на институциите и на светските статистики.

-Во овие моменти на криза, сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста, но пред се е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза, вели Крстевски.

Географски информациони системи (ГИС) се начини за организирање, презентирање и анализирање на просторни и географски податоци. ESRI е водечка организација во областа на географијата и давател на ГИС ресурси. дма/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уставен суд: Без постапка за нерезидентните пензионери, запрена постапката за измените на Кривичниот законик

ЗНМ и ССНМ: Одбивање на жалбата на ИРЛ од Апелациониот суд дополнително нè мотивира да стоиме зад истражувачкото новинарство

Собранието ја утврди потребата за носење на пакетот закони за намалување на платите на функционерите