Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие 83 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 56

Изминатото деноноќие 83 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени 56

Скопје, 17 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ниво на целата држава 83 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 56 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци, за изминатото деноноќие на 163 лица им се издадени решенија за изолација, а 47 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од МВР денеска информираа дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што три лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. цр/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Неработни денови за 2025 година

СДСМ во среда избира нови секретари и потпретседатели: Ќе има ли изненадувања?

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички