Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие 35 лица не го почитувале полицискиот час

Изминатото деноноќие 35 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 8 април 2020 (МИА) – Во тек на изминатите 24 часа  на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.

Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација. оџ/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кучиња скитници нападнале 2-годишно дете, со тешки повреди пренесено од Битола во Скопје

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите се иселуваат