Утрински Весник
Македонија

Измамник од тетка си барал пари за лекување на родителите, па ги потрошил во казино

Измамник од тетка си барал пари за лекување на родителите, па ги потрошил во казино

Полицијата поднесе кривична пријава против 41-годишен велешанец со иницијали А. Д. поради сомнение за сторено кривично дело измама.

Како што информираат од МВР, на 10 септември годинава, пријавениот, на тетка си телефонски ѝ кажал дека неговите родители имале сообраќајна несреќа, во која била повредена сестра ѝ и дека од болницата им побарале пари за нејзино лекување.

Таа му дала 450 евра, а кога се јавил и повторно побарал пари за лекување на неговите родители, таа се посомневала и отишла во болницата во Тетово да ги провери наводите.

Кога ѝ било потврдено дека нема пациенти со такви лични податоци, случајот го пријавила во полиција.

Набргу потоа измамникот бил пронајден и приведен, а во службен разговор со полициски службеници изјавил дека парите ги потрошил во казино.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов