Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) под покровителство на Министерство за култура и Град Скопје, а во соработка со Културно Информативниот Центар КИЦ имаат чест да Ве поканат на отварањето на изложбите „МиниАРТура“ и „Мал формат“ кои ќе бидат отворени во иста вечер на 7 декември година во КИЦ, салон Имеријал 1, во Скопје со почеток во 20 часот.
“МиниАРТура“ претставува уште еден уметнички предизвик, за врвните мајстори на четката и палетата кај што минуциозноста на потегот, обезбедува висок личен квалфикатив.
Во овој ДЛУМ-ов проект покрај традиционалната минијатурна уметност, каде што покрај умешноста во намалувањето на фигуративните ликовни елементи, среќаваме и дела поблиски до апстракцијата или различни стилови на современата визуелна уметност денес.
Широкиот спектар на техники, од традиционални, современи како и нивно комбинирање или дела чија објективна вредност можете да ја дознаете доколку ги гледате под лупа, ја прави оваа изложба, несекојдневна и интересна за широката јавност. За изложбата „МиниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по тринаесетти пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“ оваа година на на авторот Христина Зафировска.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
За изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се додели една награда за мал формат, оваа година на авторот Ана Темкова.
Од страна на Културно Информативниот Центар КИЦ од Скопје ќе се доделат три награди и тоа: “Вангел Коџоман”, “Адем Кастрати” и “Константин Мазев-Коце”.
Текстот Изложби „МиниАРТура“ и „Мал формат“ во КИЦ е превземен од МАКФАКС.