Утрински Весник
Култура

Изложба на фотографии на Дејан Колевски

Во среда во 20 часот, во галеријата Рудиќ ќе се отвори изложба на познатиот македонски фотограф Дејан Колевски.

Изложбата е во програмата на манифестацијата Денови на Македонската Фотографија, која 60 години по ред ја организира Фото Сојузот на Македонија. Изложените фотографии се дел од колекцијата со која Дејан Колевски се здоби со звање Мајстор на Фотографија при Фото Сојузот на Македонија.

Дејан Колевски со фотографија интензивно се занимава од 1998. По професија е телекомуникациски инженер, а фотографијата за него е пасија и медиум за креативно изразување. Подеднакво го интересира црно белата и колор фотографијата. Во различни временски периоди го интересирале повеќе типови на фотографија почнувајќи од пејсажи од преубавата Македонија па се до експериментални техники на фотографија. Ако се направи пресек на неговото фотографско тврештво во него тематски доминираат фотографиите во кои централното место го има човекот прикажан во урбана средина. Во оваа серија од фотографии се прикажани најразлични сцени од урбаниот живот и архитектура низ различни меридијани на светот.

Со негови фотографии има учествувано на повеќе повеќе државни и меѓународни изложби и натпревари на фотографија. Автор е на повеќе самостојни изложби на фотографија.

Текстот Изложба на фотографии на Дејан Колевски е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“