Утрински Весник
Култура

Изложба на стрипови во МКЦ

Изложбата „Цртање приказни“ зад која стојат авторите Иванка Апостолова, Гаја Смилевска, Матеј Богдановски, Вук Митевски, Иван Ивановски и Ѓорѓе Јовановиќ ќе биде отворена денеска во 20 часот во МКЦ и ќе трае до 16 јуни.

Изложбата прикажува стрипови на автори од повеќе генерации, со особен фокус на нивните стрип-дела работени по мотивите на современи македонски писатели или во комплетно авторство (цртеж и текст) на авторите.

„Набљудувајќи го стрипот не само како визуелен, туку и како општествен факт, преку оваа изложба настојуваме да го прошириме погледот на можните начини на презентирање и промовирање на стриповите, притоа отворајќи простор за дискусија за продукцијата, пред сѐ на некомерцијалните, авторски стрипови. Токму авторскиот стрип се позиционираше како составен дел на визуелната култура и воопшто на културната продукција, па затоа треба да продолжи да се афирмира и да се подига неговата свест не само за уметничките, туку и за комуникациските и едукативните потенцијали. Освен неспорниот формален, уметнички квалитет на цртежот, колажот или фотографијата, стрипот се гледа првенствено како исклучително убедлив збир на визуелни и вербални знаци, кои својата магична привлечност ја должат на начинот на кој ја раскажуваат приказната“, велат организаторите на настанот.

 

 

 

 

Текстот Изложба на стрипови во МКЦ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“