Во спомен куќата „Тодор Проески“ се одржа изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата.
„Се повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме различни културни, но и едукативни настани како овој. Честитам на господинот Пецаков и благодарност за одржување на оваа изложба во Крушево.“, изјави градоначалникот Христоски.

Текстот Изложба на икони во спомен куќата „Тодор Проески“ е превземен од МАКФАКС.