Утрински Весник
Култура

Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово

На 05.05.2022 г. во четврток со почеток во 19 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура “Трајко прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на слики со наслов “Домашна атмосфера“ од авторот Дејвид Стоилковски.

Се работи за негова најнова продукција од дваесеттина дела работена во периодот 2020-2022 и е негова прва самостојна изложба.

Дејвид Стоилковски, роден во Куманово 1997 година, живеe и работи во Куманово. Има дипломирано на Академијата за ликовни уметности во Скопје, отсек графика во класата на професорката Славица Јанешлиева а моментално е на магистерски студии по сликарство кај Јован Шумковски. Највеќе сака да работи мурали, графити и слики на платна но сака и од време на време да се занимава со други техники и правци кои ги нуди уметноста. Учесник е на повеќе групни изложби во Македонија и Хрватска.

Оваа прва самостојна изложба е збир на периодите од графити преку правци од уметноста до сликање на мурали во поново време. Делата за оваа изложба се направени во период од 2020, 2021 и почеток на 2022 година. Името “Домашна атмосфера“ на изложбата е затоа што фигуративните предмети кои се наоѓаат на делата претставуваат една носталгија и поврзаност кон сопствениот дом и фамилија. Ако се изостават фигуративните елементи од композициите тие се сведуваат на чисти апстрактни плохи од неколку нијанси. Оваа изложба може да биде увертира за истражување во сферата на хиперреализмот при сликање мурали и платна од страна на уметникот Дејвид Стоилковски.

Изложбата ќе биде поставена до 18.05.2022.

Текстот Изложба на Дејвид Стоилковски во Куманово е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“