Утрински Весник
Македонија

Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Издадените дозволи за движење продолжуваат да важат, процедурата за нови останува иста

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Веќе издадените „трајни“ дозволи за движење на одредени категории граѓани продолжуваат да важат и за време на овој карантински викенд, од 5-ти до 7 јуни. Исти остануваат и процедурите за добивање дозвола, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Со дозволите што ги издава Министерството се опфатени претставници на институции со одлука на владиниот Кризен штаб, дежурни медиумски работници кои имаат потреба од работа на терен, вработени во мали пекари/бурекџилници (најмногу до 5 вработени со документ како доказ дека станува збор за микро претпријатие), дежурни вработени во погребални претпријатија, одредени категории земјоделци, регистрирани одгледувачи на животни во Кинолошки сојуз, како и ловочувари во регистрирани здруженија, јавни претпријатија и национални паркови.

Сите дозволи што ги обезбедува МИОА се достапни преку порталот „uslugi.gov.mk“.

-Барањето за дозвола за движење на вработените во институции, медиуми, пекари/бурегџилници, погребални претпријатија, на порталот uslugi.gov.mk го поднесува раководителот на институцијата/директорот/овластеното лице во Централен регистар за своите вработени. Барањето за дозвола за движење за лицата кои се грижат за трето лице, го поднесува лицето кое ја врши негата, наведува Министерството.

МИОА, како што посочува, не дава дозволи за движење на приватни фирми. мч/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведено лице од Кочани, возело без возачка дозвола, во возилото најдена поголема количина брендирана роба

СДСМ: Реконструкцијата ја доведува власта до војна на кланови

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи додека Бугарија го загрозува државниот интерес