Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Изградба на фекална канализација и пречистителни станици во општина Илинден

Изградба на фекална канализација и пречистителни станици во општина Илинден
Img 7972

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект Изградба на фекална канализација и пречистителни станици, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, во општина Илинден во тек е изградба на канализациски систем за прифаќање и третман на отпадни води во населено место Кадино во должина од 4.982 метри, со препумпни уреди.

Вкупната инвестиција за реализација на овој проект изнесува 23 милиони денари, од кои 14,5 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а преостанатиот дел од буџетот на општина Илинден.

Од Општината информираат дека со канализацискиот систем ќе бидат опфатени 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот.

Изградбата на овој систем што се наоѓа во најнискиот дел од Кадино каде што нема фекална канализација треба да биде завршен до крајот на оваа година. Заедно со веќе постоечкиот канализациски систем припадна површина 4, сега со фекална канализација ќе бидат опфатени над 660 домаќинства или, 80% од вкупното население од ова населено место.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонец до смрт претепан во Љубљана

Муртезани домаќин на Плаколм и Грашиќ: Гласна поддршка за нашата европска иднина од Австрија и од Словенија

Јавно извинување до компанијата „Булмак“